Авион ИзиЏет (EasyJet) за време на летот бил погоден од гром додека во него се наоѓале 156 патници. Патниците кои летале од Бристол за Барселона биле престрашени, авионот почнал да се тресе и настанала вистинска паника.
Летот A319-111 принудно слетал на аеродромот Реус во Шпанија, а преплашените патници чекале еден час до следниот лет.
„Не удри гром. Навистина страшно. Се слушна силна бука“, наведува еден од патниците.
„Најлош лет досега. Моментално го чекаме другиот лет, да видиме што ќе не снајде“, напишал еден од патниците на Твитер.
Еден од патниците Изи Ферис (19) изјавил дека наеднаш се создала олуја додека авионот летал над Барселона.
-Нè погоди гром, беше страшно. Сè светеше околу нас. Сите беа добри, но голем број жени вриштеа и плачеа, вели Изи.