Проверката на податоците за загаденоста на воздухот во Македонија и во период на ветровито и дождливо време понекогаш дава изненадувачки податоци.
Такво беше времето неделава, а навистина изненадувачки се податоците за присуството на ПМ10 честичките во воздухот во Битола. Од неделата до четвртокот, освен во вторникот, концентрацијата на овие опасни честички по здравјето на луѓето беа и до 15 пати поголема од максималнио дозволените количини. Во средата оваа бројка беше и близу 800 милиграми на кубен метар, а дозволената бројка е 50. Во понеделникот и четвртокот таа бројка беше околу 600. Од вчера веќе се е во рамките на дозволеното, пишува порталот Мкд.мк.