Голем број полициски автомобили со вклучени сирени вечерва може да се забележат низ цело Скопје.
Очевидци за Press24 велат дека огромен број полицајци се движат низ скопските улици, полициски автомобили со вклучени сирени, а зголемен е и бројот на полицајци по улиците.
Вечерва и онака имаше зголемено полициско присуство поради завршни митинзи на политички партии но она што ги вонемирило граѓаните е што повеќе полициски автомобили минувале со вклучени сирени и тоа не во близина на локациите каде се одржуваа митинзите туку низ повеќе скоппски улици.
Се уште нема информација за што станува збор. Штом ќе добиеме повеќе информации веднаш ќе ја надополниме оваа вест
Порталот Мактел пак јавува дека врие од полиција во скопското село Брњарци, автобус полн со Албанци од Арачиново кои се враќале од митинг на ДУИ, по грешка завршил сред македонското село што предизвикало инциденти и тепачки. Во моментов во селото има над 100 специјалци од МВР јавува порталот.
според одредени информации зголеменото присуство на полициски автомобили со вклучени ротациски светла и сирени се должи на фактот што вечерва во Македонија е екстрадирано лице обвинето за убиство кое се барало со потерница.