Црвената плима не е поврзанa со природниот циклус на плимата и осеката, туку оваа појава е предизвикана од голем број на алги – фитопланктони, кои се собираат во близина на површината на водата во голем број.
Најчесто овој феномен се случува во потоплите мориња, и нивниот голем број и нивниот пигмент, на морето му даваат црвена боја.
Ваквиот поглед изгледа многу импресивно, затоа што може големи делови на океанот и плажата да се обојат во црвена боја, а многумина ќе се потсетат на сцените од филмот Ајкула.
Алгите во толкав голем број испуштаат отров кој е погубен за многу видови на риби и други морски животни, а кај луѓето може да предизвика воспаление на кожата.
weather4all.com.mk