Колку згодна коинциденција – Kога директорот го кршел паркингот, не снимале камерите


Не работеле камерите од видеонадзорот поради што нема снимен материјал за инцидентот што се случи пред четири дена кога директорот на битолската подружница на „Македонска пошта“ Евдал Акифи-Рочи беше посочен дека ги искршил рампите и ги оштетил терминалите на градскиот паркинг со зонско паркирање пред поштата во Битола.

bitola-500Од фирмата-концесионер „Градски паркинзи“ велат дека дивеењето не било снимено бидејќи токму во тој момент се сервисирал системот за видеонадзор. Снимки нема, но очевидци се вработените од фирмата „Проаларм“ – велат од „Градски паркинзи“ и како виновник за отштетувањето на опремата на паркингот го пријавија директорот на битолската пошта Евдал Акифи-Рочи. .

Од таму додаваат дека ќе бараат одговорност и отштета од сторителот.

– Денеска ќе дојдат претставници од фирмата-производител од Скопје, па ќе ја проценат штетата – велат одговорните.

По ова, следуваше писмена преписка преку медиумите меѓу концесионерот и Акифи. Kонцесионерот го обвини директорот на „Пошта“ дека не сакал да го плати билетот за паркингот, па со возило поминал низ излезната рампа додека била спуштена, при што ја оштетил.

Потоа се вратил со службеното комбе и со голема брзина преминал преку влезната рампа, продолжил кон излезната и ја докршил, па враќајќи се рикверц, удрил во едниот од терминалите. По ова, го натерал и возачот со службениот камион да удри во влезниот терминал.

Директорот Акифи преку соопштение призна дека со возило преминал низ спуштената рампа, а рампата не била отворена бидејќи концесионерот не можеле да го добијат на мобилен и да им даде одобрение на вработените да ја кренат рампата.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1