Што се случуваше вчера во Скопје и колку се повредени – детален извештај на МВР


Министерството за внатрешни работи и во текот на вчерашниот ден (02.03.) регистрираше голем број на инциденти во текот на насилниот протест и настаните кои следеа по него. Насилниот протест не беше пријавен во полиција, а учесниците и предизвикувачите на инцидентите се самоорганизираа преку социјалните мрежи.

macedonia-1За време на протестот дојде до поголемо нарушување на јавниот ред и мир и беше предизвикана значителна материјална штета во централното градско подрачје и Бит Пазар.  Според досега документираните сознанија повредени се повеќе лица, меѓу кои и голем број полициски службеници, оштетени се повеќе моторни возила (од нив четири се полициски возила), два автобуси на ЈСП и две противпожарни возила.

Хронолошки протестот започна во 12,00 часот кај комплексот „Чаирчанка“, по што насобраната група започна да се движи од Јајапашината џамија, преку мостот “Гоце Делчев“ кон зградата на Владата на РМ. За цело време демострантите гласно скандираа УЧК и извикуваа разни пароли.

Во моментот кога масата демостранти дојде пред Владата, дел од неа се обиде да го пробие полицискиот кордон, со цел да се упати кон плоштадот, на што полицијата реагираше и ја спречи натамошната ескалација. Дел од демострантите започнаа со фрлање на камења и тврди предмети и ги нападнаа  полициските службеници. Со цел да не дојде до ескалација на инцидентите, Одделот за посебни единици употреби хемиско средство солзавец, по што демострантите започнаа да се повлекуваат назад кон Старата Скопска Чаршија, а притоа ги каменуваа Музејот на Холохаустот, Музејот на ВМРО и новоизградениот Театар.

protestВо текот на протестот, беа регистрирани и повеќе други инциденти и физички напади во централното градско подрачје, на подрачјето кај Бит Пазар и околните улички  во кои се повредени 13 граѓани на кои им е пружена медицинска помош во болниците, а четворица од нив се здобиле со тешки телесни повреди. Во насилствата повредени се и тринаесет униформирани полициски службеници. Исто така од страна на насилниците извршени се и оштетувања на осум приватни патнички моторни возила од кои две се превртени.

Извршено е оштетување и на четири полициски возила и тоа: две “Шкода Јети“,  еден “Дефендер“ и едно комбе. Извршено е каменување на два автобуси сопственост на ЈСП на бул. Никола Карев,  кај клучката Детелинка на Бит Пазар , бр. 61 и бр. 63 , а потоа автобусот со број 61 бил и опожарен. Заради интервенција дошле две возила на БППЗ кои од страна на хулиганите биле оштетени а еден пожарникар повреден .

repbu-640x815По завршувањето на насилните протести во 18,50 часот на автобуската постојка во с.Морани-Скопје, со фрлање на камења извршено е оштетување на автобус  на ЈСП, кој сообраќал на линија бр.67, при што било скршено странично стакло од левата страна. Нешто подоцна, околу 19.20 часот во Скопје на ул „Ѓорче Петров“ во близина на крстосницата

со ул.„Сремски Фронт“, со фрлање камења извршено е оштетување на 3 автобуси кои се движеле во колона, а превезувале учесници  и посетители на Конвенцијата за промовирање на кандидати за градоначалници и носители на избирачки листи на политичка партија. Во 22.00 часот во непосредна близина на бензинската пумпа .„Макпетрол“ во нас.Драчево, бил каменуван автобус сопственост на ЈСП кој сообраќал на линија бр.67, при што било скршено странично стакло, а околу 22.40 часот во Скопје, на бул.„Едвард Кардељ“, спроти „Светлост“ бил каменуван уште еден автобус на ЈСП, при што било искршено стакло на левата страна на автобусот.

Десетина минути подоцна на ул. „Првомајска“ во нас.Пинтија, бил каменуван и автобус на ЈСП кој сообраќал на линија бр.70, при што била оштетена шофершајбната.

avtom-5001Во врска со инцидентите, по полициската интервенција беа приведени и задржани осум лица, а врз основа на објавените снимки во медиумите и на социјалните мрежи се работи на идентификување и на останатите насилници. По целосно документирање на делата против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, за претходниот завчерашен протест, СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје против 19 лица на возраст од 14 до 44 години, од кои 15 од Скопје, двјца од Битола и по еден од Штип и Прилеп, а поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по член 385 од К.З на Р. М.

МВР повторно апелира граѓаните да не дозволат да бидат манипулирани и заради туѓи интереси да се инволвираат и и да предизвикуваат разни инциденти. Полицијата ќе продолжи крајно неселективно, без никаква толеранција да ги санкционира оние што ќе ги прекршат законите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1