Што се живее во вашата перница – нема да ја ставите главата на неа – еве како да ја чистите


Докторот Роб Дан, професор по биологија на државниот универзитет во Северна Каролина ги истражувал микроскопските облици кои се наоѓаат во креветот и во перниците.

Паразити

Luxury duck feather pillow2Имате домашен миленик? Без оглед на тоа дали вашето куче спие со вас или не, доколку е во близина на вашата перница, микробите ќе се собираат на перницата. Уште поголема е опасноста ако дозволите кучето да спие во вашиот кревет. Тоа ќе предизвика бактериски инфекции и можна е појава на разни паразити. Дан предупредува на опсаниот паразит „Токопласма гонди“ кој постои кај мачките и може да се пренесе на луѓето, а овој паразит може да го нападне и мозокот.

Грини
Темните, топлите и влажни перници се идеално место за нив – ги има преку два милиони во вашиот кревет. Тие самите не се проблем но нивниот измет предизвикува. Ако се разбудите со затнат нос или пак ве чешаат очите и имате нагон за кивање, немој да мислите дека тоа е настинка туку тоа е дело на овие мали микроорганизми.

Мртви клетки од кожата
Околу илјада мртви клетки од кожата и перутот оставате на перницата во една минута. Ова е нормален и незибежен процес, меѓутоа кога светлата ќе се изгаснат, бидете свесни дека грињето се качуваат на перниците и го јадат она што паѓа од вашата кожа.

Габички

Кога Дан анализирал повеќе од 1.000 домови  открил илјда печурки во перниците. Поголемиот дел биле безопасни, но пронашол и „Аспергилус фумигатус“ печурка која го намалува имунитетот и ја влошува астмата.

Затоа перете ги почесто перниците во топла вода и менувајте ги на неколку години.

Фекални материи

Phone-under-pillowПовршината на перницата има еден близок роднина на вашиот дом, а тоа е ве-це школката, покажуваат истражувањата. Тука има високи концентрации на човечка ДНК, мртва кожа и остатоци од измет. Тоа е неизбежно бидејќи трагите од изметот се секогаш на нашето тело и на облека и преку нив ги шириме низ домот.

СОВЕТИ 

Секогаш користете навлака за перница, за да го продолжете нејзиниот век на траење. Навлаките секогаш се перат на висока температура и редовно за да се отстрани сета прашина која се насобрала. Менувајте ја навлаката на перницата еднаш неделно. Имајте ги повеќе за во случај да немате време секоја да ја исперете за да ја смените.

Освен ако не се пенести, проветрувајте ги перниците редовно на сончева светлина.

Проверете ги етикетите дали има посебни инструкции за чистење од страна на произведувачот. Има некои посебни перници од елда кои не смеат да се перат.

pillow pernica testДоколку нема забрана, перете ги перниците во машина за перење. Проверете убаво дали целата перница е потопена со вода во машината. (Ова особено важи за машините во кои облеката се става одозгора).

Секогаш плакнете ги перниците добро. Остатокот од детергент може да придонесе до распаѓање по извесно време. Ова особено важи за пердувестите перници каде детергентот ќе ги направи помалку пердувести и нежни.

Проверете на етикетите на самите перници дали дозволуваат сушење во машина. Повеќето од полиестер и памук може да поднесат висока температура но сепак проверете на етикетата. Самото сушење на перници одзема повеќе време.

Информација плус: Ставете тениско топче во машината за сушење за да ги одржи перниците пердувести.

Перете ги перниците на секои 6 месеци до година или пак секогаш кога ќе осетите потреба поради некои дамки, лоши миризби или промена на боја.

Менувајте ги перниците на секои две до три години.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1