Што спремаат?? „Епл“ купува третина од светското злато


Американскиот информатички гигант „Епл“ (Apple) е подготвен да купи една третина од светското злато за луксузните часовници, се наведува во извештајот од компанијата.

Судејќи според прогнозите на Волстрит Журнал, Apple месечно ќе продава околу милион паметни часовници со 18 каратно злато, а тоа ќе има големо влијание на пазарот на злато.apple

Се проценува дека на оваа компанија и требаат околу 46 тони злати годишно, што е околу 30% од светското годишно производство.

Според пресметките, Apple за само еден модел за злато ќе потроши околу 30 милијарди долари годишно, а тоа ќе има големо влијание на цената на златото и може да предизвика хаос во светската економија.

Авторите на проценката истакнуваат дека таа се заснова на предвидувања, кои не се службени податоци. Но, доколку се точни прогнозите на Волстрит Журнал, „Епл“ ќе го преземе речиси половина од светскиот пазар на луксузни часовници

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1