Доколку пишувате мали или ситни букви, најверојатно сте повлечена и срамежлива личност, додека буквите со умерена големина сведочат за прилагодливи и стабилни личности.
Големото растојание меѓу зборовите значи дека уживате во слобода и не сакате да бидете опкружени со многу луѓе. Тие кои не можат да поднесат да бидат осамени пишуваат збиени реченици.
Цветчиња, сонце, украси – осамени сте
Во душата воопшто не ви е така ведро како што тоа изгледа на цртежот. Ви недостасува блискост и нежност и тоа несвесно го внесувате на хартијата. Цртате токму за она по кое копнеете, а вашата порака гласи: “Внимавајте на мене!” . Значи, во моментот кога Вашата рака почнува да црта сонце, повикајте ги пријателите и дружете се.
Мрежа – мазохиста сте
Се наоѓате во незгодна ситуација. Секоја одлучна, дебела линија, симболизира напад во кој нема да се движите. Доколку на крајот го урамите цртежот, значи дека проблемот е надминат. Не е решен, туку само поставен под тепих. Не сте со борбена прироода, туку сте склони да ги голтате навредите. Тоа крие опасност од натрупано разочарување.
Орнаменти – досадно Ви е
Острите агли и заоблените линии се спојуваат во украсен мотив кој се повторува. Таквата шара говори за тоа дека Ви е досадно, дека сакате да го прекинете телефонскиот разговор или да си заминете од состанокот. Доколку секогаш цртате такви шари, тоа може да значи дека животот ви се претворил во рутина. Затоа прекинете ја монотонијата која ве гуши и променете нешто.
Човечиња – се плашите од одговорност
Нивниот весел изглед лаже. Човечињата се знак за беспомошност или желба да се одбегне одговорност. Човечиња цртаме кога треба конечно да кажеме “не” или треба да донесеме и соопштиме одлука која може нема да биде прифатена со одобрување, па никако неможеме да се натераме тоа да го направиме. Човечињата на хартијата толкувајте ги како предупредување. Пресечете и прифатете ја одговорноста за потоа да не се чувствувате како слабак.
Крстови – имате чувство на вина
Луѓето често ги цртаат, со тоа што женските крстови се главно украсени, а машките едноставни и строги линии. Во двата случаи, овие цртежи наговестуваат чувство на вина која настанала како последица на ситуација во која моментално се наоѓате. Нешто Ве мачи: или сами на себе си замерувате или ве прекинал соговорникот.
Пчелино саќе – фамилијарен тип сте
Сакате мир и хармонија и водите уреден живот. Ако сеуште немате фамилија, таквиот цртеж може да ја сигнализира вашата потреба за создавање на фамилијарно гнездо. Вашиот проблем е веројатно во тоа што одбивате да признаете колку ви е важен бракот и колку копнеете по него.
Квадратчиња, триаголници, геометриски облици – храброст
Едно е сигурно – имате јасни цели и уверувања, скоро никогаш не го криете своето мислење и не бегате од непријателите и конкуренцијата. Што се поостри геометриските облици кои ги цртате, тоа значи дека сте поагресивни, иако тоа не се приметува на прв поглед.
Спирали, кругови, брановидни линии – насочени сте кон себе
Туѓите проблеми во овој момент не ве засегаат и не се интересирате за нив. Тоа што почнувате да цртате спирали и кругови значи дека на вас во дадената ситуација ви е потребно да се сконцентрирате на себе си и да направите дистанца од опкружувањата. Така пронаоѓате начин да ја совладате агресијата и да одолеете на искушението да пламнете и да го навредите соговорникот.
Пчелино саќе – фамилијарен тип сте
Сакате мир и хармонија и водите уреден живот. Ако сеуште немате фамилија, таквиот цртеж може да ја сигнализира вашата потреба за создавање на фамилијарно гнездо. Вашиот проблем е веројатно во тоа што одбивате да признаете колку ви е важен бракот и колку копнеете по него.
Шаховски полиња – патите од комплекс
Очигледно се наоѓате во мошне комплицирана и непријатна положба. Интензивно трагате за ефикасен начин да ја надминете ситуацијата. При ова е најдобро ништо да не преќутувате и не криете. Ако често ги цртате шаховските полиња, веројатно имате скриени комплекси.