Што всушност се случува кога ќе проголтате гума за џвакање?


Урбаниот мит со кој се плашат децата вели дека доколку ја проголтаат гумата за џвакање таа останува во организмот следните седум години. Уште пострашен е оној мит кој вели дека таа се замотува околу срцето или дека ќе ви се залепт цревата. Но што всушност се случува?

Гумата за џвакање е смеса од гумена основа, засладувач, боја и арома. Гумената основа е прилично несварлива, тоа е смеса на еластомер, смола, масти, емулгатори и восок. Системот на органите за варење навистина нема начин да ја обработи гумата за џвакање како останатата храна, но има друг начин преку кој се ослободува од нештата кои ги проголтуваме. На крајот на краиштата јадеме многу нешта што не можеме во целост да ги свариме.

Целиот процес започнува уште во усната шуплина каде плунката веќе се обидува да ја обработи гумата за џвакање штом ја внесеме во уста, меѓутоа поголемиот дел од гумената основа ќе остане недопрена. Проголтаната мастика продолжува во цревата кои со лесни движења и опуштање се што проголтуваме го туркаат низ нашиот систем. Понатаму, гумата за џвакање ќе заврши во WC шолјата за еден или два дена подоцна. Иако е леплива тоа ништо не им значи на моќните црева.

Сепак постои опасност доколку за кратко време се проголта поголема количина на гуми за џвакање. Во тој случај може да дојде до зачепување на системот за варење, особено кај деца кои имаат помал систем од возрасните но и тоа е многу ретко.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1