Што значат симболите од етикетите на облеката?


Облеката која ја купуваме треба да се одржува  на соодветен начин како би и го продолжиле нејзиниот век на траење. На секое парче облека кое го купуваме од внатрешната страна на работ има зашиено парче материјал на коe се наоѓаат некакви симболи кои укажуваат токму на процесот како таа треба соодветно да се третира и одржува.

Симболи за перење:

 Перење исклучиво на рака.

 На машината за перење има копче со кое се регулира висината на температурата со која се перат алиштата.

Овој симбол покажува дека облеката која сте ја купиле се пере на 40 степени.

 На наредните два симболи гледаме дека има линии под нив. Линиите не се ставени случајно, тие укажуваат каков тип на програма да користите во зависност од тоа од каков материјал е изработен производот.

Ако нема линија, тогаш материјалот е памучен и вие парчето облека можете да го перете на максимална брзина, со нормално плакнење и нормално перење.

Една линија, укажува на тоа дека се работи за парче кое изработено од синтетички материјал и треба да го перете на умерена брзина  и при крајот на перењето треба да ја намалите температурата за да не дојде до несакани последици, од типот материјалот да пушти боја или да се искине од пребрзото вртење на центрифугата.

 Ако има две линии пак се работи за материјал чиј главен состав е волната која е мошне деликатна за перење.

Ви треба посебен прашок за перење и минимална брзина на работа на машината, како и на температурата, за да не дојде до растегнување и развлекување на волната.

Последниот симбол означува дека не ова парче облека не смеете да го перете во домашни услови, најдобро е да го однесете на хемиско.

 

Симболи за сушење:

Важат за машина за сушење алишта:

Првиот симбол има точка. Точката во средина означува дека парчето облека може да суши и највисока температура.

Ако нема точка, тогаш температурните рестрикции не постојат.Една точка, означува перење на ниска температура, максимумот е 60 степени.Ако има две точки тогаш следува програма за нормално сушење на облеката.

Наредниот знак значи дека не треба да користите машина за сушење алишта како би ја исушиле вашата облека.

Оставете да се исуши облеката и испеглајте веднаш штом се исуши.

Алиштата да се сушат закачени на закачалка.

Може да се суши на жица за сушење.

 

Симболи за пеглање:

Првиот симбол означува дека можете слободно да го пеглате вашиот материјал

Доколку  симболот кој е во вид на мала пегла има една точка, тогаш тоа значи дека облеката можете да ја пеглате на 110 степени за акрил, најлон и слични материјали.Ако има две точки тогаш пеглате на 150 степени и тоа се однесува на материјали како полиестер или волна.

Трите точки пак укажуваат на највисоката температура од 200 степени, а можете да пеглате ткаенини како памук и лен.

Овој симбол укажува на тоа дека материјалот не смее да се пегла, или можете да го пеглате но полека, внимателно со мала температура, само во оние делови каде тоа е потребно.

 

Симболи за хемиско чистење:

Знакот го означува симболот на хемиско чистење. Буквата укажува на тоа каков тип на чистење бара материјалот.

Празно „А“ или хемиско чистење кое одговара на сите типови ткаенини.

Буквата „F“ означува дека во никој случај не смеат да се користат машински препарати во чистењето на ова парче облека. Алиштата се чистат со посебни растворувачи и минерални есенции кои никако не смеат да се посипуваат во машина.

Доколку пак на етикетата од вашата облека имате „P“, тоа значи дека ова парче облека се чисти на хемиско, но со вообичаените растворувачи и не треба да има некаков посебен третман, бидејќи се работи за регуларен процес.

„W“, буквата, значи дека ва парче облека се чисти на хемиско, но само со вода без употреба на јаки хемиски средства, а не смее да става ниту во машина за хемиско чистење.

Симболот за хемиско чистење со линии под него укажува на рестрикции или правење отстапки, еве кои се значењата:

Доколку под знакот има една линија, тогаш станува збор за ограничено перење на ова парче облека, со одредена количина на вода, механичка акција на перење и сушење како и ограничена температура.

Двете линии, се веќе алармантни, тие покажуваат на рестрикции во било кој поглед на сушење, миење и чистење на ткаените како и на температурата.

Следниот симбол вели дека ова парче облека не смеете да го носите на хемиско чистење.

А кратката дефиниција за следниот симбол е дека не смее чисти додека е влажно, туку дамките нежно да се отстранат додека е суво и потоа да се помине нежно со вода за да падне нечистотијата.

 

Симболи за избелување: 

Првиот триаголник е знак дека може да ги избелите вашите алишта.

Вториот не го дозволува тоа.

 

fashionel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1