Шумахер излезе од кома и ја напушти болницата


Германската Ф-1 легенда Михаел Шумахер излегол од кома и ја напуштил болницата во Гренобл, кадешто поради тешките повреди на главната се лекуваше од крајот на декември, соопшти неговото семејство.

165242-sumaherСпоред германскиот весник „Билд”, Шумахер бил симнат од апаратите и префрлен на клиника за рехалибилитација, но не е познато каде ќе биде продолжено лекувањето.

Како што соопшти неговата портпаролка, Сабине Кем, 45-годишниот Германец кој седумпати ја освојуваше титулата во Ф-1, не бил повеќе во кома и во оваа фаза од рехабилитацијата можел да слуша гласови и да реагира на допири, посебно од сопругата Корина и децата.

„Неговото семејство сака да им се заблагодари на сите лекари, сестри и вработени во болницата во Гренобл. Тој ќе ја почне втората фаза од рехабилитацијата и затоа бараме разбирање од јавноста да не остави на мир“, истакна Кем.

Шуми беше во кома од 29 декември кога се здоби со тешки повреди по падот на глава на скијање во Франција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1