Шурата на претседателот Ѓорге Иванов, брат на неговата сопруга, Сашо Тоневски е во стабилна состојба, по сообраќајката која ја имал синоќана булеварот Мајка Тереза (некогашна Водњанска) – информираат од клиника.
Тоневски, враќајќи се дома со мопед, изгубил контрола и удрил во столбчиња на страната од улицата. Според полицијата, тој било потешко повреден во градите и бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Состојбата на Тоневски е стабилна.