Швајцарци бараат отштета затоа што биле присилувани да работат какo деца


Повеќе илјади Швајцарци бараат од државата да им исплати парична отштета, затоа што кога биле деца биле разделувани од нивните семејства и испраќани по фарми и по домови во Швајцарија, каде биле користени како евтина работна сила.

Нивните правни застапници и активистите кои водат кампања за разобличување на овој „мрачен детал“ од швајцарската историја, тврдат дека се уште се живи околу 10.000 некогашни деца, кои сега бараат компензација за нивното „украдено детство“.svajcarija

Ваквата пракса во Швајцарија почнала да се користи уште во средината на 19 век, но продолжила се до втората половина на 50-те години на 20-от век. Се верува дека во тој период неколку стотици илјади деца биле одземани од нивните родители и давани на други семејства, каде работеле за мали пари на полињата, со добитокот или пак биле користени како прислужници по куќите за највалканите работи.

Сите деца биле „под договор“ и нивните вистински родители добивале мал износ пари за она што го работеле кај новите семејства, каде биле присилно посвојувани.

Современите историчари кои се занимаваат со случаите на „децата под договор“, објаснуваат дека целата оваа пракса била почната од економски причини. Швајцарија до по Втората светска војна не била богата земја, па мнозинството од луѓето живееле во сиромаштија. Земјата во тое време не била обработувана со механизација, па на сите фарми постоела потребата од евтина работна сила.

Таквата работна сила била најдена меѓу децата на најсиромашните семејства или меѓу децата без родители. Тогашните власти го нашле „најевтиното решение“ на тој начин што децата кои ќе останат без родителите или живеат со еден од нив во услови кои се оценети како крајно сиромашни, биле одземани и давани на „прислно посвојување“ кај економски помоќни семејства, какви што главно биле фармерите и сточарите, каде секогаш имало работа за децата.

Според податоците, со кои располагаат активистите за компензација на експлоатираните деца, само во една година во текот на 30-те години на минатиот век, повеќе од 30.000 деца биле одзмени и префрлени да работат во нови „семејства“.

Еден од овие деца, 75-годишниот Давид Гањиа изјави дека неговата самохрана мајка и нејзините три деца биле сиромашни, но дека сепак живееле среќни како семејство.

– Се сеќавам дека мајка ми мораше да ја држат двајца полицајци, додека други двајца ме земаа од дома за да ме одведат на една фарма, вели Гањиа. Тоа се случило во 1947 година, откако една година пред тоа, насила биле одведени и двете негови сестри. Тој тогаш имал само осум години.

Гањиа и другите како него, се гневни на државата и на швајцарската јавност што досега нема ништо напраено за да се разобиличи оваа нехумана пракса во која сиромаштијата се казнувала,наместо да се третира како социјален проблем.

Првите сознанија за практиката да се одземаат деца од сиромашни семејства, за да се претвораат во евтина работна сила и за да „научат да работат“ потекнуваат уште од 20-те години на 20-от век, но дури во 2008 година сојузната админстрација на Швајцарија јавно се извини за ваквиот однос кон децата на кои државата им го одзела детството.

Во земјата сега е во тек собирањето на неопходните 100.000 потписи за покренуање расправа за исплата на компензација на сите живи жртви на детската експлоатација, што ќе треба да се озакони на референдум. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1