Некогашната Детска болница во Охрид ќе биде хотел


Нов хотел ќе никне на местото на поранешната Специјална детска болница на брегот од Охридското Езеро. За оваа цел, местото каде што се наоѓа сега веќе пропаднатиот болнички објект, ќе биде пренаменето за изградба на хотелски комплекси и други објекти, објави порталот Охриѓани.

– Има интерес кај странските инвеститори и мислам дека за кусо време ќе знаеме кој ќе го добие земјиштето – вели Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам во Општина Охрид.555

Веќе седум години и стариот дел изграден во 1949 година и новиот кој датира од крајот на седумдесеттите години од минатиот век се ставени под клуч, но сепак вратите и прозорците се искршени и влегуваат бездомници, кучиња и глувци.

Дел од вработените во оваа јавна здравствена установа беа префрлени во болницата „Свети Еразмо“, а останатите во други здравствени установи во Охрид и Струга. Поранешни вработени велат дека болницата била единствена од ваков вид во државава, поради што имало потреба од нејзиното натамошно постоење.

Објектот лежи на самото крајбрежје, а пред него има и плажа со која засега никој не стопанисува, поради што таа е една од најгрдите слики на брегот, со наталожени тони отпад.

Руинираниот објект во атрактивната населба Свети Стефан засега останува непријатна глетка за гостите кои се сместени во околните хотели на овој потег од крајбрежјето на Охридското Езеро. Една од опциите беше тука да се пресели заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1