Швајцарците гласаа против загарантиран месечен приход за секој возрасен


Швајцарските гласачи го отфрлија воведувањето на загарантиран приход за сите граѓани и за оние што живеат подолго време во таа земја. Гласачите го отфрлија предлогот на вчерашниот референдум со прашање дали прифаќаат сите швајцарски граѓани и странци кои законски престојувале најмалку 5 години, да примаат безусловен приход, а притоа да не мора да работат. Против предлогот гласале речиси 77 отсто од гласачите.svajcarska banka smetka

Доколку беше прифатен, предлогот предвидуваше за секој возрасен човек минимални месечни примања од 2 илјади и 500 швајцарски франци, а за секое дете по 625 франци. Швајцарската влада беше против предлогот, бидејќи според неа за финансирање на таа мерка би било неопходно кратење на буџетот или зголемување на даноците.

Поддржувачите го правдаа планот со високите трошоци за живот во земјата, како и тоа дека има сè помалку работни места на располање.

Швајцарија е првата држава што спроведе вакво гласање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1