Жена во Шведска била подложена на двегодишна хемотерапија и лечење на рак и покрај тоа што го немала. Единствено што добила од лекарите, кои се одговорни за оваа неверојатна грешка е извинување.
Шеесетгодишната Швеѓанка која претходно успешно се изборила со ракот на дојката, лекарите повторно и пронашле тумор на црниот дроб и на другите органи.
Верувајќи им на лекарите кои и помогнале за прв пат, жената се согласила на двегодишната хемотерапија и лечењето од рак, која и предизвикала понатамошни проблеми како слабеење на коските, зближување на пршлените и оштетување на мозокот.
Сепак лекарите подоцна откриле дека таа не боледува од рак.
„Жал ни е за ваквата грешка и би сакале да направиме нешто за да ја поправиме“, изјавил Ларс Горан Холтби, лекар кој бил задолжен за нејзиниот третман. Целиот случај бил пријавен во Шведскиот национален одбор за здраство.
Во јуни минатата година во истата болница, лекарите погрешно отстраниле цел колк и тоа здрав.
Триесетгодишната пациентка пристигнала на операција за отстранување на мали израстоци кои се појавиле на колкот, но докторот од необјасниви причини, за време на операцијата и го отстранил цел колк.
Потоа ја сватил грешката, по што ги повикал колегите да му помогнат, за да ја поправи истата. Но, единствено што можеле да направат е повторно да и го наместат но со помош на метални плочи и завртки.
Сепак по операцијата на колкот се појавила инфекција која била предизвикана од операцијата, па тој не можел правилно да зарасне. Од болницата официјалните лица изразија жалење за направената грешка и лошата проценка за направената анатомија на жената.