Шврговски си оди во јануари – нов обвинител Зврлевски?


Марко Зврлевски, кој е актуелен скопски јавен обвинител ќе биде наследниот на државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, пишува Вест.

Шврговски кој имаше мандат од 6 години, завршува на 24 јануари, а според законот собранието два месеци претходно, односно во ноември треба да распише оглас за нов обвинител. Шврговски има право да се кандидира за резибор но според Вест тој се уште не знае дали ќе се кандидира. За весникот изјавил дека доколку не се кандидира за втор мандат нема да остане во Обвинителството, туку сигурно би си заминал од таму.

Повикувајќи се на извори меѓу обвинителите Вест го споменува името на сегашниот прв човек на скопското обвинителство Зврлевски како најверојатен наследник на Шврговски.

„Не можам да коментирам сега дали би се кандидирал за функцијата или не, особено додека не се објави огласот“ -изјавил за Вест, Зврлевски.

како што предвидува законот за државен обвинител можат да се кандидираат сите обвинители, изборот го прави Владата, а го потврдува Собранието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1