Денеска е ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Во Скопје под мотото „Сексуалната работа е работа“ се одржа марш на црвените чадори. Маршираа сексуални работници, стриптизери и стриптизерки, хотлајн операторки, ескорт девојки и момци, активисти за човекови права и нивни поддржувачи.
Заштитен симбол беше црвен чадор, боја која ја одбележувала оваа категорија на лица а симболиката на чадорите била да ги заштити од насилство.
Оние кои маршираа побараа сексуалната работа да се третира како и секоја друга. Посочија и примери на насилство врз сексуалните работници.