Жената која што ги уби своите пет туку што родени деца, во период од шест години, осудена е во четвртокот во северна Германија на затворска казна од девет години. Нејзиното име не е објавено според правилата за заштита на приватноста во Германија.
Обвинетата, која има 29 години, во судот во Фленсбург призна дека ги убивала своите деца веднаш по нивното раѓање, во периодот од 2006 до 2012 година. Таа самата и се предала во полиција.
Судот ја прогласи за виновна по обвинението за чедоморство. Три деца биле задавени, а две прободени со ножици. Телото на првото убиено новороденче беше пронајдено во една фабрика за преработка на стара хартија на 2 март 2006 година, второто на паркинг на 5 март 2007 година.
Телата на останатите три деца беа пронајдени во домот на куќата, во која живеела мајката, со својот сопруг и две деца. Во исказот пред истражните органи рекла дека нејзиниот сопруг не ги сакал родените деца, поради што ја фатило паника и не „знаела кому да му се обрати“.