Скaндал: Огромна измама со станови во Македонија – наседнале и пејачи и актери


Две лица се уапсени и се на распит пред истражен судија. Како што дознава Прес 24, продавале непостоечки станови по поволни цени.

g_osnoven-sud11Две лица се уапсени и изведени пред истражен судија за најголемата измама која ја памети Македонија, дознава Press24 од извори во судот. 30 годишна скопјанка и нејзиниот татко се приведени за измама со станови поголема и од аферата Фиком.

Како што дознаваме, измамниците продавале станови по екстра поволни цени од само 500 евра квадрат во згради кои тврделе дека ги гради нивната компанија иако всушност тие воопшто не граделе згради ниту поседувале станови за продажба. Измамените плаќале по 15-30.000 евра на нивната трансакциска сметка а за тоа не добивале никаков договор за стан. Според нашите неофицијални извори, измамени се повеќе од 10 граѓани и нанесена им е штета од неколку стотици илјади евра.

Измамниците становите ги продавале на свои познати тврдејќи дека поволните цени се дел од владин проект. Меѓу нивните „жртви“ како што дознава Press24 има и познати пеачи и актери. Ќерката и таткото живееле луксузен живот, возеле скапи автомобили и за себе купувале скапи станови.

Од МВР велат дека детали за случајот ќе обелоденат утре. Според нашите извори осомничените се сеуште на распит кај истражен судија во Скопскиот Кривичен Суд.

ФОТО: ОВА Е ФРИЗЕРКАТА КОЈА СТАНА МИЛИОНЕРКА ВО АФЕРАТА СТАНОВИ
ВИДЕО: ЕВЕ КАДЕ ЖИВЕЕЛА ФРИЗЕРКАТА ШТО ЗЕМАЛА 600 000 ЕВРА ВО АФЕРАТА СТАНОВИ

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1