ФОТО: Ова е фризерката која стана милионерка во аферата станови


frizerka

30 годишната Благица Д е главната осомничена во скандалот со продажба на станови кој вчера го откри Пресс24.
30 годишната позната скопска фризерка Благица е жената која успеала да измами повеќе од 30 граѓани и заедно со својот татко од нив да „спечали“ над 800.000 евра, дознава Пресс24.
На нејзиниот фејсбук профил има фотографии кои покажуваат дека фризерката со помош на „споредниот“ бизнис живеела во вистински луксуз.
Според извори на Пресс24 од истрагата, осомничената поседувала најскапи и најлуксузни автомобили а живеела и во стан опремен во вистински раскош.
Според последните информции од истрагата, нејзини жртви биле најмалку 30 граѓани.
Им наплатувла од 15 до 30.000 евра за непостоечки станови за наводно поволна цена од 500 евра квадрат.
Извори од судот велат дека и за неа и за нејзиниот татко веќе е утврден 30 дневен притвор.
Официјални детали се очекуваат од закажаната прес-конференција на МВР.
Прес 24

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1