СВР Скопје поднесе кривична пријава за 17-годишен ученик од с. Бојане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
На 10 март околу 13.00 часот пријавениот, додека седел во училницата по англиски јазик, од непознати причини од јакната извадил нож и го повредил својот другар во пределот на левата нога, нанесувајќи му телесна повреда.