Си купиле тањирче за 3 долари – го продале за 2 милиони


Сопственикот мислејќи дека се работи за безвреден порцелански сад на распродажба во 2007 година, го купил кинескиот предмет за 3 долари и го чувал како украс над каминот, пренесува CNN.

cinija kineskaПодоцна, се дознало дека станува збор за сад стар илјада години што потекнува од династијата Сонг. Се обратил до аукциската куќа Sotheby’s за да се утврди вредноста – тие процениле дека садот би можел да достигне цена меѓу 200 и 300 илјади долари, но и тие ја утнале проценката.

Реткиот и скапоцен сад на аукцијата во Њујорк достигнал цена од 2.2 милиони долари. Џузепе Ескенази го купил садот за 2.2 милиони долари по долго наддавање со уште четворица заинтересирани купувачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1