Си направил бизнис: Има 800 деца, а сега, својата семена течност ја продава и преку Facebook!


Сајмон Вотсон (41) својата сперма ја донира веќе 16 години и досега станал татко на повеќе од 800 бебиња. Тој од тоа направил вистински мал бизнис од којшто може удобно да живее.

Вотсон едно шишенце од својот “производ” го продава за 50 фунти и така го одржува својот бизнис којшто може да се смести во постојани приходи. Тој својата работа не ја крие од семејството, особено не од синовите коишто го поддржуваат, но сепак не би го работеле истото што го работи нивниот татко.sajmon-votson-oploduvac-02

– Моето семејство и пријателите знаат што сè правам јас, немам тајни. Пријателите на моите деца сметаат дека тоа е симпатично, но моите синови сепак не би го работеле истото тоа во иднина, иако максимално ме поддржуваат, изјавил Вотсон.

Сајмон има два сина, од 19 и 17 години, од првиот брак, и ќерка од 10 години од вториот брак. А неодамна раскинал со девојката со којашто бил три години токму поради она со коешто тој се занимава.

– На неа ѝ здосади она што го правам. Всушност, ми кажа дека го презира тоа што го правам. Се обидував да ја смирам ситуацијата, да ѝ објаснам, но таа немаше разбирање. Станав донор на сперма откако се разведов првиот пат, сакав многу повеќе деца, и затоа почнав да го правам тоа. Мојата втора жена знаеше за тоа, а јас не престанував. Но таа го прифати тоа, иако знаев дека не ѝ се допаѓа бидејќи е помалку чудно да се прави тоа во пластично шише, потенцира Сајмон.

Колку е плодна оваа работа, вистински пример е токму Вотсон.

– Сигурен сум дека добивам дете таму некаде на секои неколку недели, а сигурно е дека имам и неколку близнаци. Некои жени велат дека донацијата би требало да биде бесплатна, но 50 фунти за “магичниот напиток” е мала цена, мора да се покријат трошоците. Немам намера да застанам тука сè додека имам можност. Јас имам деца ширум светот и нивните родители ми се благодарни, заклучува Вотсон.

Tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1