Верувале или не, во Бугарија постои пазар на невести. Тој се одржува четири пати годишно, а тогаш младите Роми се собираат на таканаречениот „Саем за млади“ кој се одржува на отворено во градот Стара Загора во Бугарија.
Овој обичај се одржува веќе децении нананзад и тоа е можност семејството на момчето да најде добра невеста, а семејството на девојката се обидува од бракот да извлечат и некоја парична корист пишува британски Dailymail. На „пазарот“ на млади учествуваат семејства од Стара Загора, каде живеат околу 18.000 Роми. Тие се познати како Калаиџи и традиционално заработуваат за живот од собирање на бакар. Тоа се православни Роми, кои често на 15 годишна возраст ги испишуваат девојчињата од училиштата, за да ги отргнат од искушение.
На овој отворен пазар во Стара Загора девојчињата доаѓаат во свое најдобро издание, изразито нашминкани, некогаш и претерано, во нова облека.
Играат на традиционална ромска музика, но освен добра забава и дружење, главните цели сепак се да се пронајде перспективен маж, чие семејство може да го плати миразот на девојчето и тоа од неколку илјади евра. Некогаш најевтината млада била околу 2.500 евра, додека денеска цената е многу пониска поради лошата финансиска состојба и безработицата во Бугарија.