Си сликал облаци – му затропале од ФБИ на врата


Михаел Галиндо, 26 години, дознал на потешкиот начин дека на ФБИ им е дозволено каков било мотив за да извршат истрага.

Ако познаваш некои од терористите кои што имаат намера да ја срушат Американсакта влада, нормално е да се очекува некогаш да ти чукнат на врата типови со оддела, средени фризури, наочари, агенти на ФБИ. Но, што доколку се што си сторил е што си мислел дека бурата изгледа доста кул за да си ја фотографираш?

Михаел Галиндо, 26 години, дознал на потешкиот начин дека на ФБИ им е дозволено каков било мотив за да извршат истрага. Тој го сликал темното небо и силниот дожд кој што паѓал од него во Тексшкиот град Хјустон, по што морал да ги плати последиците за тоа, откако федерален агент се појавил на неговата влезна врата.

Галиндо одговорил чесно кога агентот Давид Пилеги се појавил во неговиот дом и го запрашал за некакви слики кој што ги сликал на 13 септември во близина на поранешната рафинерија Лиондел.

Тој изјавил дека не се сеќава што правел таа вечер и му рекол на агентот дека најверојатно станува збор за грешка и дека го помешале со некој друг. Се додека не му ја споменал камерата на Галиндо, не можело да му текне што всушност правел таа вечер.
Тој изјавил дека никогаш не стапнал со нога на имотот на рафинеријата, но и тоа било доволна причина за да ФБИ се сомнева и да го истражи целиот случај. Некој го забележал како слика, а потоа контактирал и со полицијата, кои пак за возврат контактирале со Федералното Биро за Истражување. Галиндо само рекол дека сакал да направи добри фотографии поради тоа што бил волонтер во Skywarn програмата за Националната метеоролошка служба. Галиндо подоцна изјави дека му соопштил на агентот дека не е криминал да се фотографира и дека целиот нивни разговор завршил мирно, без никави проблеми.

Тој ми рече:
„Засега не претставувате никаква закана, но бидете внимателни следниот пат“, изјави Галиндо. Сепак разговорот и не бил толку пријатен кога агентот инсистирал да дознае за неговата историја и дали имал некаква поврзаност со американската армија, нешто за кое што никогаш не добил одговор.
Оттогаш само едно прашање му се мотало во глава, дали ФБИ му отвориле досие, за ваквиот инцидент.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1