Ветер со јачина од 80 километри на час денеска попладне во Гевгелија предизвика уривање на кровови и кршење на дрвја и гранки
На многу места во градот од искршените дрвја и гранки беше попречено и нормалното одвивање на сообраќајот кое полека се нормализира откако комуналните работници почнаа да ги отстрануваат од коловозите.
Според информацијата од Хидрометеоролошката станица во Гевгелија, ветерот, кој непрекинато дуваше во текот на целиот ден, околу 14 часот ја достигна најголемата брзина од 22 метри во секунда односно 80 километри на час.