Најмалку 85 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во силен земјотрес со магнитуда 7,2 степени кој денеска ги погоди Филипините.
Земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а неговиот епицентар бил под градот Кармен на островот Бохол, на околу 400 километри од главниот град Манила , на длабочина од 56 километри. По силниот земјотрес следеле уште 110 послаби потреси
Луѓе истрчале надвор од нивните куќи, згради и болници, за време на потресите, јавуваат агенциите, наведувајќи дека поради националниот празник биле затворени многу јавни установи и училиштата, поради што се спасени и многу животи.
Најголем број од жртвите од земјотресот биле на островите Бохол и Кебу, каде што се урнала најстарата црква на Филипините, како и зградата на Градското собрание, а значително биле оштетени десетици куќи.