Познатиот бизнисмен, поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија, Силјан Мицевски се возел во џипот со дипломатски регистерски таблички, при сообраќајната несреќа која се случи утрото во блиина на Требеништа, објави порталот ohrid1.com.
Несреќата според информации се случила при судар на два џипа на магистралниот пат Охрид-Кичево. Притоа повредени се четири лица, кои моментално се вон животна опасност, од кои едното кое е во животна опасност е пренесено на хируршкото одделение во Охрид.
Вториот џип е со американски регистерски таблички и во него се возеле државjани на Америка.