Не постои стекнато право на неуставен начин. Значи јас направив една уставно правна анализа на овој закон низ призма на Рамковниот договор, низ призма на Уставот, но исто така и низ призма на двата најважни документи, европски, на кои и во Рамковниот договор се упатува, а тоа се Конвенцијата за регионални и малцински јазици и Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, вели професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во нејзиното прво интервју дадено за вестите на Сител телевизија.
Силјановска Давкова истакна дека Уставниот суд е тој кој што кажува дали нешто е уставно или неуставно, односно тој е орган кој што има надлежност да каже дали некој закон ќе се укине или поништи.
Таа додаде дека очекувала самиот Уставен суд на Република Македонија да иницира постапка и да одреди времена постапка каде што ќе се оцени дали е спротивно на Уставот и и законите.
-Самиот да иницира постапка и да одреди времена мерка. Зошто? За да не дојде до ова што викате вие, третирање на еден процес неуставен како неповратен иако е спротивен на Уставот и законите, изјави Силјановска Давкова.