Силјановска ќе бара поддршка и од СДСМ


Професорката Гордана Силјановска која попладнево беше избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ изрази подготвеност да побара поддршка од сите граѓани, здруженија и политички партии, па дури и од СДСМ.

„Прашање е само колку јас се вклопувам во тоа што тие го велат консензуален кандидат“, рече Силјановска и најави дека ќе собира и 10.000 потписи од граѓаните, како зацврстување на нејзината кандидатура, со желба да биде прифатена како натпартиски кандидат.

Таа попладнево доби поддршка од 408 делегати на конвенцијата во Струга, додека Влатко Ѓорчев освои осумдесетина гласови. Тој и` ја честиташе победата, рече дека е фер и заслужена и најави дека и` стои на располагање, доколку тоа биде побарано од него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1