Само тројца од девет кандидати ќе влезат во трката за претседател на државата на 21 април. Државната изборна комисија потврди дека Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река во предвидениот законски рок ги собрале потребните потписи.
Силјановска-Давкова, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ собрала 15.926 потписи, а Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, собрал 31.729 потписи. Блерим Река, поддржан од Алијанса на Албанците и движењето Беса, собрал 11.128 граѓански потписи.
Пендаровски и Силјановска-Давкова имаат поддршка и од најмалку 30 пратеници.
Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска посочи дека тече јавниот увид во Избирачкиот список и дека истиот е отворен за увид до 14 март до 24 часот.
Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.