Решението за притвор на Чавков: Пријател открил дека има вила на Халкидики


Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков вчера беше приведен и однесен е во Истражниот затвор во Шутка.

Митко Чавков бил подготвен и ќе бегал во Грција, односно во неговата вила на Халкидики, вака стои во одлуката по која вечерва е побаран притвор за Митко Чавков.

Неговиот адвокат вели дека невообичаено е два дена пред пресуда да се определи притвор врз основа на службена белешка.

„Некаков си близок пријател на Чавков му кажал сосема случајно на некојси припадник на единицата „Алфи“, дека Митко Чавков има вила на Халкидики, не во Република Грција него во Халкидики, па се спремал да избега. Сето тоа е на 12-ти денеска и експресно врз основа на службена белешка , значи без никаква реална околност, било каков обид за бегство или нешто друго да е направено, туку врз основа на службена белешка која за судот беше доволна да определи притвор. Она што е многу битно да се потенцира, Митко Чавков беше на слобода со прифатена гаранција од 600.000 евра, не во пари туку во недвижнини,на членови на неговото најблиско семејство. Дали некој нормален може да смета дека тој ќе се даде во бегство и ќе ги остави неговите најблиски на улица“, изјави за Телма Сашо Дуковски – адвокат на Митко Чавков.

Решението за притвор следело откако пријател кажал Чавков дека има вила на Халкидики.Митко Чавков се бранеше од слобода 316 дена откако му беше прифатена гаранција со имот во вредност од 600.000 евра на 30-ти април минатата година. Се јавуваше на сите рочишта, а е приведен од својот дом.

Чавков е обвинет за настаните за 27. април во 2017 година во Собранието

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1