Професорката Гордана Силјановска Давкова која влезе во трка за претседател како независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, ги трча последните денови од претседателската трка пред одлучувачкиот ден во недела, а Фактор направи интервју со неа.
Таа одговори на обвинувањата дека е вмровска блиска до ставовите на Груевски и Иванов.
Вели спремна е да ја носи етикетата „вмровка” ако таа е поврзана за симболот на ВМРО низ нашата историја.
– Јас сум внука на илинденец и ќерка на партизан, па нормално е да бидам и вмровка“, вели Силјановска Давкова за порталот.
Додава и дека еден режим се претворил во друг и дека мотив и дава борбата против Заевизмот.