Засега се уште нема официјални информации што беше причина за синоќешната силна експлозија во центарот на Будимпешта. Се шпекулира дека се работи за експлозија на гас, а некои извори наведуваат дека се раборти за бомба.
Силна експлозија одекна доцна синоќа во центарот на Будимпешта и во тој дел се итно распоредени јаки полициски сили, јавуваат светските медиуми. Најмалку две лица се префрлени во болница, а се претпоставува дека се работи за полицајци.
Унгарската полиција најави детали во текот на денот.