Мистериозен блесок на 11 секунди го осветли руското небо во близна на Јакатеринбург. Властите одбија да го коментираат случајот, а дежурните теоретичари на заговор во краток рок смислија безброј објаснувања.
Очевидците тврдат дека блесокот не го прател никаков звук.”На неколку секунди ноќното небо се претвори во ден, а потоа повторно се стемни”, изјави еден од очевидците за “The Siberian Times”.
Дури и пред да се исцрпат сите логични објаснувања, интернет “експертите” заклучија дека најверојатно станува збор за вонземјани, а некои сугерираа дека станува збор за проектил или метеор.
Возачот чија камера го сними блесокот побара објаснување на интернет, бидејќи ваквата појава до сега не ја коментираа ни експертите ни метеоролозите, а од локалните опсерватории порачуваат дека таа вечер не забележале пад на метеор.