Силна светлина го осветли руското небо – никој не знае што се случило


Мистериозен блесок на 11 секунди го осветли руското небо во близна на Јакатеринбург. Властите одбија да го коментираат случајот, а дежурните теоретичари на заговор во краток рок смислија безброј објаснувања.

539023nebo-rusija-foto-youtube-doble-v-channelff0

Очевидците тврдат дека блесокот не го прател никаков звук.”На неколку секунди ноќното небо се претвори во ден, а потоа повторно се стемни”, изјави еден од очевидците за “The Siberian Times”.

Дури и пред да се исцрпат сите логични објаснувања, интернет “експертите” заклучија дека најверојатно станува збор за вонземјани, а некои сугерираа дека станува збор за проектил или метеор.rusija

Возачот чија камера го сними блесокот побара објаснување на интернет, бидејќи ваквата појава до сега не ја коментираа ни експертите ни метеоролозите, а од локалните опсерватории порачуваат дека таа вечер не забележале пад на метеор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1