Силниот земјотрес го поместил островот Закинтос


Грчкиот остров Закинтос се поместил за најмалку три сантиметри кон југозапад по силниот земјотрес од 6,4 степени во петокот.

-Тоа е заклучено врз основа на дигитална обработка и анализи на снимки од сателитот на ЕУ и ЕСА Сентинел-1 на сервисот Коперникус, изјави за грлчката агенција АНА директорот на секторот за истражување на Институтот за геодинамика во Атинската национална опсерваторија, Атанасиос Ганас.

Поместувањето е претежно воочено на хоризонтално ниво додека верикално поместување не е регистрирано. Ганас додаде дека научниците моментно анализираат дали земјотресот предизвикал поместувања и во околни области.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1