Во урнатиот авион имало повеќе од 20 политичари – уривањето на индонезискиот авион покрена бројни прашања


Индонезиската компанија соопштила дека целосно нов авион, кој околу 6,20 часот по локално време полетал кон Пангкал Пинанг на островот кај Суматра, превезувал 181 патник меѓу коои имало едно дете и две бебиња како и осум членови на екипажот.

Странските медиуми пренесуваат дека во индонезискиот авион што денеска се урна кај Суматра се превезувале повеќе од 20 владини функционери кои според контролата на летање, уште пред да исчезне од радарот барале леталото да се врати на аеродромот

Во авионот се наоѓале и најмалку 23 владини претставници кои, како што рекол портпаролот на летот, барале авионот да се врати и пред да е изгубен контакт со леталото.Потврдено е дека се урнал-рекол Јусуф Латиф, портпарол на индонезиската агенција за спасување. Во авионот имало 20-ина претставници од индонезиското министерство за финансии, кои се враќале од викенд.

Уште не е јасно што точно се случило. Авионот во еден момент побарал да се врати на аеродромот во Џакарта. Тоа му било овозможено, но потоа исчезнал од радарот. Се работи за нов, неколку месеци стар авион кој имал само 800 часа лет. Пилотите биле искусни.

Авионот бил на пат од главниот град Индонезија Џакарта до градот Пангкал Пинанг на Суматра, на лет кој трае нешто повеќе од еден час.

Тоа е прв пад за моделот на Боинг 737 MAX 8.

Уривањето на индонезискиот авион што пренесуваше 189 лица веројатно ќе ги збуни истражителите, бидејќи вообичаените карактеристики што би можеле да упатуваат на несреќа не беа присутни, пишува „Дејли бист“.

Авионот Боинг 737 Макс-8 бил потполно нов, односно бил пуштен во употреба во август (поминал вкупно 800 часа во лет). Моделот Макс-8 е најсовремена верзија на Боинг 737, додека безбедноста на авиокомпанијата „Лајон ер“ неодамна била унапредена на највисоко ниво. Не биле пријавени ниту лоши временски услови.

Згора, несреќата се случи во период во период кога сигурноста на авионските летови беше на забележително ниво, бидејќи во 2017 година, ниту еден патник не загинал на комерцијален лет, никаде во светот.

Единствената назнака за трагедијата би можел да биде техничкиот дефект пријавен на претходниот лет на авионот, кој во меѓувреме бил поправен.

Летот ЈТ610 полетал од аеродромот во индонезискиот главен град Џакарта, упатувајќи се кон Панкал Пинанг, по што ја загубил врската со авиоконтролата 13 минути подоцна и се срушил во морето.

Последниот претходен инцидент на компанијата „Лајон ер“ бил забележан во 2013 година, кога авион слетал во вода, наместо на пистата во Бали, поради грешка на пилотот. Во несреќата немало повредени.

Минатата година авиоконтролата во Џакарта се пожалила на зголемениот интензитет на сообраќајот, но тоа не бил случај при денешниот лет. Индонезиските истражители на авионски несреќи кои имаат добра репутација, ќе треба да откријат што го предизвикало уривањето на модерниот авионски модел. Тие ќе испитуваат можен механички дефект, човечка грешка, последица на временските услови, како и вклученост на криминални фактори.

Спасувачките екипи досега извлекоа шест тела од морето, на местото на несреќата, а пронајдоа и остатоци за кои се претпоставува дека се од опашката на авионот, пренесува Си-ен-ен. Се претпоставува дека нема преживеани во трагедијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1