Од 16:15 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Кратово – м.в„Чатал“ и обратно поради невреме, силен ветар и дожд, односно на патот има паднато дрва (тополи). Ќе се преземаат мерки за расчистување на патот, информира АМСМ.![07052013142441_dozd 2[1] bitola](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/05/07052013142441_dozd-21-bitola.jpg)
Обновено : Од 17:15 часот сообраќајот на регионалниот пат Кратово – м.в„Чатал“ и обратно кој поради невреме, силен ветар и дожд беше во прекин е пуштен по една коловозна лента.
Од 17:55 часот, сообраќајот на регионалниот пат Кратово – м. в.Чатал е нормализиран во двата правци.









