Силно невреме во Скопје , паднати дрвја и билборди (ФОТО)


Силно невреме вечерва го зафати Скопје со удари на ветар од над 100 километри на час.

Веќе пристигаат информации за паднати дрвја. Во скопски Карпош 4 е паднато дрво како и кров од зграда кој паднал врз паркирани автомобили и среде улица.

На социјалните мрежи се појави и предупредување од возачи дека на булеварот „Партизански одреди“ ветарот има паднат билборд.

Во скопската населба Даме Груев силниот ветер откронал покриви, а кус период во населбата немало струја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1