Силно невреме во Солун, целиот град е поплавен (ВИДЕО)


Силно невреме проследено со грмотевици, град и силен ветер попладнево го погоди Солун. Поради невремето, градската противпожарна служба добила повеќе од 300 повици за помош, пренесуваат грчките медиуми.

Според информациите, спасена е жена која била однесена од големо количество вода, а во тек е и спасување на заглавени луѓе во автомобили на мост поради високото ниво на вода, пренесува грчката агенција АНА.

Голем број продавници и куќи, како и градското собрание се поплавени од обилните врнежи, а улиците се претворени во река

Во некои делови од градот нема струја, а поради гром, кој удрил во меѓународниот аеродром во Солун, поради безбедносни причини, накратко е прекинато напојувањето на авионите со гориво, наведува грчката агенција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1