Силувал 2-годишно девојче- грозоморен монструм во Хрватска


Маж од околината на Бјеловар е приведен под сомнение дека сексуално злоставувал и тешко повредил двегодишно девојче, кое неговата сопруга (20) како малолетничка го родила во претходна врска.

Девојчето е прегледано на педијатрија, а потоа и на одделението за гинекологија, каде повредата хируршки е обработена и детето е надвор од животна опасност. Осомничениот е притворен на месец дена поради опасност да влијае врз сведоците.velika-britanija-pedofil-1328585176-31983

Ова незапамтено злосторство, се дозна во четвртокот кога мајката и очувот го донеле детето во бјеловарската болница. Таму го превезол сосед кој на новинарите од „Бјеловарски лист“ им раскажал дека мајката тврдела дека детето паднало по скали.

Околносите се истражуваат од страна на сите надлежни институци за социјална помош и права на децата, како и полицијата. На местото каде живее 20-годишната жена и нејзиниот сопруг со неверување ја коментираат веста за наводно сексуално злоставување на бебе.

Некои мештани тврдат дека во семејството веќе имало насилство и дека едно дете веќе им е одземено и сместено во дом за згрижување на малолетници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1