Судот во Дубаи ја прогласи 25 годишната Норвежанка Марта Дебора Далелев за виновна. Девојката која во Дубаи била поради службен пат, последната вечер пред заминувањето дома излегла со колешките од Холандија и со колеги од Катар кои животот и го претвориле во пекол бидејќи следното утро се разбудила силувана и без неколку парчиња облека на себе.
Тоа се случило пред четири месеци, а наместо да ги пронајде виновниците за ова злодело, полицијата поднела кривична пријава против неа, а судот ја прогласил за виновна на 16 месеци затвор поради секс надвор од брачната заедница, пијанство и обвинување.
Откако го пријавила силувањето на 6 март, полицајците и ги одзеле сите документи меѓу кои и пасошот. Според шерјатскиот закон, за силување може да биде обвинет човек ако сам го признае делото или ако барем четири возрасни мажи се појават како сведоци.