Тинејџер од Авганистан (17) уапсен е поради силување и убиство на деветнаесет годишната Марија Ладенбургер, кон средината на октомври во германскиот град Фрајбург.
Германските медиуми пишуваат дека жртвата е ќерка на високо рангиран европски претставник и втора девојка во овој град која е брутално убиена и силувана во текот на последните два месеци.
Телото на Марија Ладенбургер е пронајдено во градот Фрајбург, во близина на границата со Швајцарија кон средината на октомври. Марија (19) студент по медицина, силувана е а потоа и задавена, за потоа нејзиното тело да биде фрлено во реката Драјзам.
„Деветнаесет годишната студентка се враќала од забава околу три часот наутро. Како и обично, одела со велосипедот. Девојката била жртва на напад и сексуално насилство“ – соопшти Давид Милер од германската полиција.
На местото на злосторството биле пронајдени долги машки влакна делимично русо обоени и црн шал кој Марија го носела таа ноќ.
Трагите од ДНК кои се пронајдени на нејзината коса и шалот не се поклопуваат со ниту едни кои германската полиција ги има во својата база.
Тогаш истражителите ги прегледале безбедносните камери во околните места каде е пронајдено нејзиното тело, пишува „Дејли Меил“.
На снимките од безбедносните камери од трамвајот, полиција забележала мигрант за кој е наведено дека има „специфична фризура и долга коса делимично русо обоени“.
Медиумите во Германија пишуваат дека несреќната девојка била ќерка на високиот европски претставник Клеменс Ладенбургер, помошник на генералниот директор на правната служба на Европската комисија.
Тинејџерот од Авганистан е приведен во петокот, откако го признал убиството, а судењето треба да започне во текот на следната година, пишуваат медиумите.
Полицијата во моментов се обидува да утврди дали мигрантот кој го признал убиството е одговорен за убиството на уште една девојка.
Станува збор за Каролин Г. (27) која била силувана, а потоа убиена додека џогирала недалеку од градот.
На местото на злосторството не биле пронајдени траги од ДНК.
Во Германија бројот на криминалните дела на мигрантите секој ден се во пораст, поради што и покрај напорите на Ангела Меркел да продолжи со политиката на отворени врати, се поголем број на Германци отворено се спротивставуваат на доаѓањето на мигрантите.