МВР информира за случај на педофилија, во Куманово. Пред два дена 34-годишната Н.С. од Куманово пријавила во полиција дека околу 23.00 часот, додека спиела, нејзината единаесетгодишна ќерка била повикана од соседот Д.М. од Куманово да влезе во неговото возило. Откако влегла во возилото Д.М. ја натерал орално да го задоволува. Биле забележани од сестрата на девојчето и која го прекинала дејствието.
За настанот е запознат Центарот за социјални работи Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против 62-годишниот М.М. поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Пријавениот извршил полови дејствија и се самозадоволувал пред десетгодишно девојче од Битола. М.М. го искористил отсуството на мајката на девојчето и го извршил делото во нивниот дом. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.