Македонски камионџија ограбен покрај автопат во Србија


Полицијата вчера уапсила двајца разбојници, кои под закана со оружје го ограбиле македонскиот државјанин на автопатот Белград-Ниш.kamioni avtopat nokj3

Според српската полиција, македонскиот камионџија го имал паркирано возилото покрај автопатот, кога двајцата разбојници дошле и со закана со пиштол му ги одзеле сите пари и документи.

Не е познато за колкава сума пари станува збор, а полицијата не го објавува ниту идентитетот на македонскиот државјанин.

На арамиите им е одреден 48-часовен притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1