„Силвија“ ќе земе уште поголем замав: Доаѓаат поинтензивни врнежи од дожд


Врнежите ќе се интензивираат доцна попладнево и вечерва како и во текот на ноќта кон утрешниот четврточен ден и локално за кратко време ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 л//м2).

Сето ова може да услови локални поплавувања а можни се зголемувања и на нивоата на реките и на езерата во државава.

Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со појава на грмежи.

Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Врнежливото време продолжува и во текот на утрешниот ден (четврток).

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1