Simens правел гасни комори, BMW крадел од евреите – листа на профитери во времето на Хитлер


Често се вели дека за успех во работата, потребно е да се биде суров и бескрупулозен. Тоа посебно важи за компаниите кои шансите да заработат милиони повеќе ги виделе во воените злосторства.

Нацистите им биле „лошото друштво„, а денес многу малку се знае за компаниите кои биле во врска со нив и кои натрупувале богатства на нивниот грб.

adolf-hitler-1379022482-365405

Кодак

Познатата компанија за фотоапарати соработувала со најозлогласен нацист, за да заработува милиони. Вилхем Кеплер бил главен еконосмки советник на нацистите и токму по негова директива од оваа компанија отпуштени биле милиони Евреи, затоа што Хитлер дошол на власт, а за да остварат поголем профит. Оваа компанија исто така користела работници од логорите, за да не мора да ги исплаќа, но и за на нив да тестира детонатори и друга воена опрема.

Нестле

Рака под рака со чоколадото доаѓале и нацистите. Една позната компанија за производство на чоколади, исто така ги користела затворите и логорите за да има бесплатна работна сила. Оваа компанија ги користела чоколадите како мамка за да ги намамат децата Евреи во заробеништво. Поради тоа, во 2000 година, оваа компанија платила речиси 15 милиони долари на име „преживеани од Холокаустот„.

Неколку компании за производство на автомобили, му помагале на Хитлер, со тоа што ја снабдувале нацистичката војска со возила, а исто така ги користеле заробените како работници.

БМВ

За време на 2 светска војна во нејзините фабрики работеле логорашо – според некои извори околу 50 000 Тогаш БМВ бил во сопственост на Гинтер Квант кој заедно со својот син Херберт биле блиски до Хитлер и неговиот режим – правеле авиони и делови за моторите за нацистите.

Профитирале од заплена на имоти на евреите а управувале со многу компании кои им биле одземени на евреите. Ова е откриено во 2001 година кога Габријел Квант изјавил за германскиот „Die Zeit” дека е вистина дека многу логораши умреле работејќи токму за оваа компанија.

Ford

Хенри Форд добил и почесно место во книгата на Хитлер „Majn Kampfu” а во 1938. лично Хитлер ја наградил компанијата со највисокото одличје за странци

Освен што користеле логораши во фабриките, Форд и ја опремувал војската. Иако адвокатите по ова прашање со децении сакале да го одвојат и разликуваат германскиот од американскиот Форд – но фактот дека американскиот форд заработувал од својата германска филијала 600 илјади долари годишно, а знаел и како – ова не им успеало.

Volksvagen

Фердинанд Порше човекот кои стои зад Порше и Волксваген во 1934 зборувал со Хитлер за да најдат совршено име за „народен автомобил„ се смета дека дури и Хитлер самиот кумувал со името Буба. Кај нив во фабриките работеле работници искличиво од Аушвиц

IBM

компјутерска компанија пак, им помагала на Нацистите со тоа што им давала бесплатни компјутери за полесно да ги следат возните редови и бројот на Евреи во логорите. Тие им давале увид и за тоа каде се наоѓаат затворениците.

Hugo Bos

Познат производител на брендирана облека, ги шиел униформите на нацистите. Самиот основач на оваа компанија, добил задача да ги осмисли униформите за војската. Нему производството му одело толку добро, што морал да „ангажира„ работници од логорите.

Siemens

Светски познат бренд за мобилни телефони, телевизори и други апарати за домаќинство им помагал на нацистите во изградбата на концентрационите логори и гасните комоти. Дури се обиделе да го искористат и името Zyklon – што било име на гасот со кој се убивале затворениците, за својата нова колекција во која имало и рерни на гас.

Колку за напомена, сите овие компании се и денеска светски познати, а иако и ден денес не го признаваат учеството во Холокаустот, сепак уплаќаат огромни суми во фондовите за преживеаните од Холокаустот. Дали е тоа знак за грижа на совест?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1